Новости
Партнери
BEAUNDP
European CommisionInWent
 

НАЦИОНАЛНА НАГРАДА ЗА ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНИ ПРАКТИКИ  

Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија и Министерството за економија на Република Македонија доделуваат годишна Национална награда за најдобри општествено одговорни практики на претпријатијата. Целта на Наградата е да промовира позитивни практики на општествено одговорно делување на претпријатијата во Македонија и да инспирира за воведување и натамошно унапредување на општествената одговорност на претпријатијата (ООП) во Македонија.

Наградата се доделува во 5 категории врз основа на годишен конкурс за практики спроведени во претходната година, кој се распишува традиционално од 2008 година. На конкурсот македонските претпријатија може да пријават еден или повеќе општествено одговорни проекти или практики. Во изминатите осум години, пријавени беа вкупно 461 добри општествено одговорни практики, со кои претпријатијата ја покажаа својата грижа за општеството и животната средина.

Пријавените практики се оценуваат од страна на стручни жири комисии за секоја категорија, кои се составени од истакнати претставници од граѓанскиот сектор и државните органи. Во секоја категорија се доделува награда за големо претпријатие и за мало или средно претпријатие. Претпријатијата со најдобри практики во секоја категорија добиваат статуетка во облик на логото на Координативното тело за ООП, како и сертификат. На кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор им се доделува признание во облик на плакета за успешно спроведена општествено одговорна практика. Од 2015 година се доделува и признание за најинвентивен проект или практика.