Новости
Партнери
BEAUNDP
European CommisionInWent
 

Активности

Распишан конкурс за Национална награда во 2017 за најдобри општествено одговорни практики

Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија на Република Македонија по десетти пат распишаа конкурс за Национална награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија во периодот од 1-ви јуни 2016 до 1-ви јуни 2017 г.

Хуманитарна помош за настраданите во скопско и тетовско

Сите заинтересирани деловни субјекти, организации и физички лица може да се вклучат во хуманитарна акција за помош на настраданите во подрачјата погодени од невремето во скопско и тетовско.

Распишан конкурс за Национална награда во 2016 за најдобри општествено одговорни практики

Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија на Република Македонија рапишаа конкурс за Национална награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија

Обединетите нации го афирмираа поттикнувањето на општествената одговорност во Македонија како добро развојно решение

Онлајн платформата на Обединетите нации, South-South World, оддаде признание за напорите што во изминативе 10 години ги вложуваат Министерството за економија на Република Македонија и Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија.

Доделенa Националната награда за најдобри општествено одговорни практики во 2014 г.

На 21 октомври 2015 г., националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија на Македонија по осми пат ја доделија Наградата за најдобрите општествено одговорни практики на македонските претпријатија.

Информативна сесија за Националната награда за најдобри општествено одговорни практики во 2014 г.

На 10 јуни 2015 г. се одржа Информативна сесија за заинтересираните апликанти за Националната награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија во 2014 година.

Распишан конкурс за Национална награда за најдобри општествено одговорни практики во 2014

Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија на Република Македонија по осми пат ќе доделат Национална награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија.

Доделенa Националната награда за најдобри општествено одговорни практики во 2013 г.

На 16 септември 2014 г., Министерството за економија на Република Македонија заедно со националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата по седми пат ја доделија Наградата за најдобрите општествено одговорни практики на македонските претпријатија.

Доделена Националната награда за најдобри општествено одговорни практики во 2012 г.

На 23 април 2013 г., Министерството за економија на РМ заедно со националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата (ООП) по шести пат ги доделија наградите за најдобрите општествено одговорни практики на македонските претпријатија. Најдобрите две практики на претпријатијата ќе бидат претставени на европско ниво во склоп на иницијативата поддржана од Европската комисија – „Европски систем за наградување на општествената одговорност на претпријатијата“

Покана на Свечено доделување на Националната награда за најдобри општествено одговорни практики во 2012

Министерството за економија на Република Македонија и Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија имаат чест да Ве поканат на „Свечено доделување на Националната награда за најдобри општествено одговорни практики во 2012 година“.

Информативна сесија за Националната награда за најдобри општествено одговорни практики во 2012 г.

На 26 февруари 2013 г. се одржа Информативна сесија за заинтересираните апликанти за Националната награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија во 2012 година.

Покана на Информативна сесија за Националната награда за најдобри општествено одговорни практики во 2012

На 26 февруари 2013 г. во ЕУ Инфо центарот ќе се одржи Информативна сесија за заинтересираните апликанти.

Министерот Сараќини и Амбасадорот Орав ги повикаа претпријатијата да конкурираат за Наградата за 2012 г.

Министерот за економија, Амбасадорот на ЕУ и Претседателот на Координативното тело за ООП ги повикаа претпријатијата да конкурираат за Националната награда за најдобри општествено одговорни практики во 2012 г. Ова беше главната порака од конференција за медиуми која се одржа на 18 јануари 2013 г.

Доделенa Националната награда за најдобри општествено одговорни практики во 2011 г.

На 1 ноември 2012 г., националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија на Македонија ја доделија Наградата за најдобрите општествено одговорни практики на македонските претпријатија во 2011 г.

Распишан конкурс за Национална награда за најдобри општествено одговорни практики за 2011

Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија на Република Македонија по јубилеен, петти пат ќе доделат Национална награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија за изминатата календарска година.

Доделенa Националната награда за најдобри општествено одговорни практики во 2010 г.

На 26 октомври 2011 г., националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија на Македонија ја доделија Наградата за најдобрите општествено одговорни практики на македонските претпријатија во 2010 г.

Распишан конкурс за Национална награда за најдобри општествено одговорни практики за 2010

Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија на Република Македонија на 28 јули 2011 година распишаа конкурс за пријавување за Националната награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија за 2010 година.

Избран нов Претседател на Координативното тело

На 17-та седница на Координтивното тело за општествена одговорност на претпријатијата (КТООП), одржана на 1 јули 2011 година, беше избран новиот Претседател на КТООП, г. Александар Николов, досегашен член на Телото и експерт за ООП.

Министерот Бесими ги додели Националните награди за најдобри општествено-одговорни практики во 2009

Девет статуетки, 14 плакети и 19 благодарници во 5 категории беа врачени од страна на Министерот за економија Фатмир Бесими за најдобрите општествено одговорни пратики на македонските деловни субјекти кои аплицираа за Националната награда за општествена одговорни практики на претпријатијата во 2009 г.

Извештај за работа на КТООП во периодот 2007–2009

Извештај од првите две години од постоењето и делувањето на Националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата на Република Македонија.

Учество на двајца претставници од КТООП на Семинар „Општествена одговорност на претпријатијата во услови на криза“ Белград, Србија, 24-26 ноември 2009 година

Семинарот го организираше Стопанската комора на Србија во соработка со Европската Комисија (TAIEX), со цел да се промовира концептот за ООП, разменат искуства од практикувањето на овој концепт во земјите учеснички, како и за запознавање со процесот на подготовка и содржината на новиот стандард за општествена одговорност ИСО 26000.

Интервју за CSR билтен

Билтен од регионалната конференција за "Развој на опшествената одговорност на претрпијатијата"

Втора годишна работна средба на членовите на КТООП и нивните заменици х. Гранит, Охрид, 11-12 септември, 2009 година

Оваа средба, која по втор пат се организира во Охрид, се одржа на 11-12 септември со тематски наслов „Поврзаноста на ООП и човечките ресурси“. Средбата се одржа во рамките на првата Меѓународна Конференција за човечки ресурси на Македонската Асоцијација за човечки ресурси, која се одржа во исто време во Охрид, во соработка со УСАИД.

Учество на седум претставници на КТООП на Регионална Конференција за ООП и Социјална Инклузија од 3- 5 ноември 2008 година, во Белград, Србија

Во периодот од 3-5 ноември 2008 година во Белград, Србија, беше организирана Регионална Конференција за Општествена Одговорност на Претпријатијата и Социјална Инклузија во земјите од југоисточна Европа. Конференцијата беше заеднички организирана од ИнВент (германска владина Агенција за меѓународна надградба на капацитети), Илтис (германска консултантската куќа задолжена за спроведување на владини програми за обука), УНДП и Стопанската Комора на Србија, а финансирана од германското Министерство за економска соработка и развој, односно германската Влада.

Студиско патување за општествена одговорност на претпријатија, 25-27 февруари 2008 година, во Мадрид, Шпанија

По покана од канцеларијата на УНДП во Скопје, двајца претставници на Националното Координативно тело за ООП учествуваа на студиското патување за општествена одговорност на претпријатијата во Мадрид, Шпанија, одржано од 25-27 февруари 2008 година, во организација на Асоцијацијата на Глобалниот Договор во Шпанија (ASEPAM) и УНДП.

Презентација на годишното собрание на членовите на Македонско-Германското стопанско здружение, 05.05.2008

Годишно собрание на членовите на МГСЗ