Новости
Партнери
BEAUNDP
European CommisionInWent
 

Активности

Хуманитарна помош за настраданите во скопско и тетовско

Надлежните институции спроведуваат хуманитарна акција за помош на настраданите во подрачјата погодени од невремето во скопско и тетовско. Заинтересираните може да се вклучат со донирање парични средства, основни намирници и продукти, со волонтирање, како и со ставање на располагање на градежна машинерија, пумпи за вода и друга потребна опрема.

Од основните намирници и продукти, најпотребни во моментов се флаширана вода, храна (стерилизирано млеко, храна за бебиња, двопек, конзерви, наполитанки), пластичен прибор за јадење, антибактериски марамчиња или течност за раце, други средства за хигиена, свеќи, пелени, гумени чизми, ќебиња, топла облека. Ваквиот тип на помош може да се предаде во:
  • магацините на Црвениот крст на РМ во Момин Поток, Скопје, секој ден од 8 до 18 часот (телефон за контакт: 02/3 096-227)
  • во Основното училиште „25 мај” (02/2521-395, 02/2520-673) во Гази Баба на Алија Авдовиќ бр 6 (населба Ченто), како и
  • во основните училишта во општина Аеродром, секој ден од 8 до 22 часот.
Потребни се и волонтери кои на терен би се вклучиле во организирани акции за справување со последиците. Сите заинтересирани да помогнат на овој начин може да се пријават на телефон 02/322-6655 или да дојдат во просториите на општина Гази Баба (ул. Архимедова 2) во 10, 13 или 17 часот од каде организирано ќе бидат однесени до населените места каде се одвиваат акциите.

Потребна е и градежна механизација и пумпи за вода, па компаниите кои располагаат со ваков тип на опрема можат да помогнат со нејзино вклучување во акциите.

Паричната помош може да се донира на следниот начин:
  • со повик на телефоните: 075/070/077 143 400 (секој повик донира 100 денари + ДДВ)
  • уплата на денари на жиро сметка на Фонд на солидарност на Црвениот крст 300000001327966 во АД Комерцијална банка (даночен број 4030984271620)
  • уплата на странска валута на следнава сметка:
    • NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS
    • BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
    • BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
    • BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
    • SWIFT CODE: KOBSMK2X
    • IBAN CODE: MK07300701000001228
Назад