Новости
Партнери
BEAUNDP
European CommisionInWent
 

Активности

Распишан конкурс за Национална награда за најдобри општествено одговорни практики за 2010

Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија на Република Македонија на 28 јули 2011 година распишаа конкурс за пријавување за Националната награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија за 2010 година.

Пријавите се примаат најдоцна до 20-ти септември 2011 година. Право на учество имаат сите претпријатија регистрирани во Република Македонија кои ќе достават комплетна пријава во предвидениот рок. Секое претпријатие има право да конкурира во сите 5 категории само со по една пријава. Одлучувачки фактори при оценувањето на пристигнатите пријави се идејата, квалитетот и постигнатите резултати, а не големината на средствата потрошени за проектот.

Назад