Новости
Партнери
BEAUNDP
European CommisionInWent
 

Активности

Информативна сесија за Националната награда за најдобри општествено одговорни практики во 2012 г.

На 26-ти февруари 2013 г. во ЕУ Инфо центарот во Скопје се одржа Информативна сесија на која беше претставен процесот на конкурирање и евалуација за Националната награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија во 2012 година. Потенцијалните апликанти за Наградата имаа прилика да постават прашања и да добијат одговори од претставниците на Министерството за економија и на Координативното тело за општествената одговорност на претпријатијата.

Г-ѓа Елизабета Георгиева, претставник на Делегацијата на ЕУ во РМ, се осврна на Европскиот систем на наградување на општествената одговорност на претпријатијата. Овој систем се фокусира на успешни партнерства помеѓу претпријатијата и најмалку еден непрофитен субјект (на пр. здружение на граѓани, фондација, орган на државната управа, спортско здружение, Црвен крст, итн.).

Г. Александар Николов, претседател на Координативното тело за ООП, подвлече дека секоја земја-учесничка, вклучително и Македонија, ќе ги прослави победниците преку национални церемонии на наградување, а две најдобри практики од секоја земја (една на мало или средно претпријатие, и една за партнерство во која била вклучена голема компанија) ќе земат учество на Церемонија за наградување на ООП, што ќе се одржи во јуни 2013 година во Брисел. На оваа европска церемонија, на победниците од секоја земја ќе им биде доделен сертификат потпишан од страна на висок претставник на Европската комисија.

Г-ѓа Бети Попова од Одделението за општествена одговорност при Министерството за економија го објасни процесот на пријавување и евалуација за Наградата, и обрна посебно внимание на новините во формуларот и насоките за аплицирање. Наградените ќе бидат избрани од страна на стручни жири комисии, а статуетки и признанијата ќе им бидат врачени на свечена национална церемонија која ќе се одржи на во април 2013 година. Националните Награди се дел од активностите на Министерството за економија за спроведување на Националната агенда за општествена одговорност на претпријатијата на Македонија, која има за цел да создаде поволен деловен амбиент што промовира раст, социјална инклузија и одржливост.

Назад