Previous
Next
Министерот за економија, Незири, говори на доделувањето на Наградата за ООП за 2013

Министерот за економија, Незири, говори на доделувањето на Наградата за ООП за 2013

Добитници на Наградата за најдобри општествено одговорни практики за 2013

Добитници на Наградата за најдобри општествено одговорни практики за 2013

Свечено доделување на Наградата за ООП за 2012

Свечено доделување на Наградата за ООП за 2012

Свечено доделување на Наградата за ООП за 2012

Свечено доделување на Наградата за ООП за 2012

Добитници на Наградата за најдобри општествено одговорни практики за 2012

Добитници на Наградата за најдобри општествено одговорни практики за 2012

Министерот за економија, Незири, говори на доделувањето на Наградата за ООП за 2013

Министерот за економија, Незири, говори на доделувањето на Наградата за ООП за 2013

Добитници на Наградата за најдобри општествено одговорни практики за 2010

Добитници на Наградата за најдобри општествено одговорни практики за 2010

Свечено доделување на Националната награда за најдобри ООП за 2009

Свечено доделување на Националната награда за најдобри ООП за 2009

Добитници на Наградата за најдобри општествено одговорни практики за 2009

Добитници на Наградата за најдобри општествено одговорни практики за 2009

Добитници на Наградата за најдобри општествено одговорни практики за 2008

Добитници на Наградата за најдобри општествено одговорни практики за 2008

 
Национална награда за најдобри општествено одговорни практики

Со задоволство најавуваме дека по јубилеен десетти пат ќе се додели Национална награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија од страна на Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија и Министерството за економија на Република Македонија.

На 15-ти јуни 2017 година објавен е конкурс за пријавување за наградата за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија реализирани од 1-ви јуни 2016 до 1-ви јуни 2017 година. Пријавите се примаат заклучно со 1-ви септември 2017 година. Право на учество имаат сите претпријатија регистрирани во Република Македонија кои ќе достават комплетна пријава во предвидениот рок. Информативно-едукативна средба за заинтересираните компании ќе се одржи на 3 јули 2017 година (понеделник), во ЕУ Инфо центарот, со почеток во 13:00 часот.

Наградите се доделуваат во следните категории:
- Однос кон вработените;
- Етичко управување;
- Односи на пазарот кон снабдувачите, потрошувачите или купувачите;
- Однос кон животната средина;
- Вложување во заедницата.
И оваа година, ќе се додели признание за најинвентивен проект или практика.

Претпријатијата имаат право да конкурираат најмногу со по една пријава во секоја од категориите. Одлучувачки фактори при оценувањето на пристигнатите пријави се идејата, квалитетот и постигнатите резултати, а не износот на финансиски средства вложени во проектот. Во секоја категорија ќе има награда за големо претпријатие и награда за мало или средно претпријатие. Наградените ќе бидат избрани од страна на стручни жири комисии според однапред утврдени постапка и критериуми, а статуетки и плакети ќе им бидат врачени на свечена церемонија која ќе се одржи во ноември 2017 година. Повеќе информации, формулар и насоки за пријавување можете да најдете на следнава страница.

Документите за наградата се објавени и на веб сајтовите на Министерството за економија (www.economy.gov.mk), и на Бизнис Конфедерација на Македонија (www.bcm.mk).



Национална агенда за ООП за РЕПУБЛИКА Македонија


Националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата ja подготви и објави Националната агенда за ООП за РМ, 2008–2012

Владата на РМ, на седницата одржана на 21.10.2008, ја усвои Агендата за ООП како прв стратешки петгодишен документ во кој е дефинирана политиката за поттикнување на општествената одговорност на претпријатијата во земјата.

Агендата ги утврдува следните среднорочни цели за успешно развивање на општествената одговорност во Република Македонија:

- подигнување на свеста за ООП;

- развивање на капацитети и компетенции за да се помогне етаблирањето на ООП;

- обезбедување на поволен амбиент за ООП.


Национална агенда за општествена одговорност на претпријатија за Република Македонија


Партнери
BEA
UNDPEuropean CommisionInWent
 
Новости
Добри практики за ООП
Македонски примери во регионален контекст
Развој на опшествено одговорното работење во Црна Гора и регионот - примери во праксата
Брошура за добри практитки на ООП за 2007
Одбивањето да се преземе одговорност е болест на нашето време Ото Фон Бизмарк, Германски канцелар
Анкета
Дали ви се допаѓа нашата страница?
Да
Не